Кубни стапки конверзија

Користете го полето за пребарување за да го најдете посакуваниот метрички конвертор

Кубни стапки

  • Не постои универзално прифатен симбол за кубна стапка/стапки.
  • Различни скратеници се користат, зависно од контекстот, вклучувајќи ( но не исклучиво) кубни ст, ку ст, кб ст, cbf, ft3, foot3, feet³, ft³.
  • Единица од:

    • Волумен (мерење три димензионален простор)

    Употреба во целиот свет:

    • Кубната стапка се употребува главно во Соединетите Американски Држави и во Обединетото Кралство како мерка за волумен.

    Опис:

    Кубната стапка е единица за волумен која се употребува во империјалниот и стандардниот систем за мерки на САД.

    Кубната стапка може да се употребува за да го опише волуменот на даден материјал, или капацитетот на контејнерот кој може да го складира тој материјал.

    Дефиницја:

    Кубно мерење е тридеминзионален дериват на линеарно мерење, така што кубна стапка е дефинирана како волумен на коцка со страни од 1 ст во должина.

    Во метрички однос кубна стапка е коцка со страни од 0,3048 метри во должина. Една кубна стапка е еднаква на приближно  0,02831685 кубни метри, или 28,3169 литри.

    Општи референци:

    • Стандарден (20 ст х 8 ст 6 ин) контејнер за испорачување има волумен од 1.360 кубни стапки.
    • 19-22 кубни стапки би опишало просечен фрижидер доволен за четиричлено семејство.

    Контекст на употреба:

    Стандардната кубна стапка (scf) е мерка за количество на гас под дефинирани услови (вообичаено при 60 °F и 1 atm притисок).

    Кога ќе се примени на некој определен материјал под дефинирани услови, кубната стапка тука престанува да биде единица за волумен и станува единица за количество.

    Кубната стапка често се употребува да го опише капацитетот за складирање на апаратите за домаќинство како што се фрижидери, и во индустријата за превоз на контејнери.

    Комерцијалните дабавувачи на складишта главно ги опишуваат единиците за складирање кои ги обезбедуваат во однос на кубни стапки.

    За да се пресмета волуменот на дадена точка или простор во кубни стапки, се мери должината, ширината и висината во стапки и се множат резултатите заедно.

    На пример, единица за складирање долга 10 ст, широка 6 ст и висока 8 ст може да биде опишана дека има капацитет од 480 кубни стапки (10 х 6 х 8 =480).

    Составни единици:

    • Кубна стапка е еднаква на 1.728 кубни инчи ( зашто една стапка е дванаесет инчи, кубната стапка може да се замисли како коцка со страни од дванаесет инчи, или 12 х 12 х 12 од по еден инч коцки наредени заедно).
    • Во пракса, кубни стапки и кубни инчи имаат тенденција да бидат одделни единици кои нема да се користат заедно.

    Множители:

    • 1 кубен јард = 27 кубни стапки
    • Еден јард е три стапки, оттука, кубен јард може да се замисли како коцка со страни од по три стапки, или како коцка која се состои од 27 индивидуални коцки со страни од една стапка во должина.
    • Во пракса, множителите на кубни стапки (како што се во нафтените и гасовите индустрии) се опишуваат со Mcf (илјада кубни стапки), MMcf (милион кубни стапки), Bcf (милијарда кубни стапки), со Tcf и Qcf како трилион и квадрилион кубни стапки соодветно.