Галони на Обединетото Кралство
Единица од:
- Волумен / капацитет
Употреба во целиот свет:
- Обединето Кралство, Ирска, Канада , Гвајана
Опис:
Империјалниот галон е единица за мерење волумен на течност или капацитет на контејнер за складирање течност, не масата на течноста. Оттука, еден галон од една течност може да има различна маса од галон од друга течност.
Империјалниот галон од течност се дефинира како 4,54609 литри, и оттука зазема простор еднаков на приближно 4.546 кубни сантиметри (околу 16,5 см коцка).
Течниот галон на САД и сувиот галон на САД се различни единици дефинирани од различни средства. Течниот галон на САД е дефиниран како 231 кубен инч и е еднаков на приближно 3,785 литри. Еден империјален галон е еднаков на приближно 1,2 течни галони на САД.
Сувиот галон на САД е мерка која историски се однесувала на волумен на зрно или други суви артикли. Веќе не се употребува често, но од неодамна е дефиниран како 268,8025 кубни инчи.
Дефиницја:
Империјалниот (Обединето Кралство) галон е официјално дефиниран како 4,54609 литри.
Потекло:
Галонот е прастара единица за мерење волумен или капацитет и имала бројни варијации, како географски, така и засновани на тоа која супстанца се мери.
Во 1824 година империјалниот галон беше дефиниран во Обединетото Кралство како волумен од 10 lb на дестилирана вода измерени со употреба на посебен метод при одредени атмосферски услови. Законот за тежини и мерки од 1963 година го подобри оригиналниот опис како простор заземен од 10 фунти (4,5 кг) дестилирана вода со густина од 0,998859 гр/мл измерен во воздух на густина 0,001217 гр/мл наспроти тежини на густина 8,136 гр/мл.
Од Законот за тежини и мерки во 1985 година, империјалниот (Обединето Кралство) галон официјално е дефиниран како 4,54609 литри.
Општи референци:
- Стандардно буренце со точено пиво во Обединетото Кралство содржи 11 империјални галони.
- Империјалниот галон од гориво (бензин) би придвижил еден типичен семеен автомобил со четири врати во Обединетото Кралство (како што е Vauxhall Astra 1.4i) во просек од 46,3 милји (74,5 Км).
- Еден империјален галон гориво (бензин) ви придвижил Порше 911 (996) во просек 23,9 милји (38.5 Км).
Контекст на употреба:
Како одговор на ЕУ директива, имеријалниот галон беше тргнат од листата на законски дефинирани примарни мерни единици од трговски и ослужбени цели во Ирска во 1993 година, а во ОК во 1994 година.
Сепак, галонот е сè уште официјално одобрен за употреба како вторична или дополнителна единица, и најчесто се употребува јавно во однос на количините за бензин, и во трговијата со течности за потрошувачка како што е пивото, коешто се продава во буриња или во кег кои се состојат од стандардни множители на империјалниот галон.
Империјалниот галон исто така често се употребува во Обединетото Кралство за да го опише капацитетот на резервоарите кои складираат голем волумен на течности, како што се буриња за вода
Во Канада, империјалниот галон примарно се користи во однос на горивната економија. Бензинот се продава на литри, но, горивната економија често се изразува во форма на милји на галон.
Составни единици:
- Империјални галони може да се однесуваат и не множители на неколку оддлени единици, но единицата која најчесто се наведува во Обединетото Кралство е пинти.
- 1 империјален галон = 8 пинти
Множители:
- 36 Империјални галони = 1 Империјален (Обединето Кралство) Барел