Метричкиот систем потекнува од Франција од 1799 година по Француската револуција, иако децималните единици биле претходно употребувани од многу други земји и култури. Иако постоеле многу различни мерки и дефинициите за едниците се ревидирани, официјалниот ситем на мерки на повеќето земји е модерната форма на метричкиот систем кој е познат како „Меѓународен систем на единици“.
Бидејќи во светот сè уште се користат други системи на мерење, како Соединетите Американски Држави и Обединетото Кралство, овој сајт има за цел да помогне на луѓето да ги конвертираат единиците на мерење со помош на метрички конвертори и метрички табели за конверзија и да ги разберат алтернативните мерки со кои не се запознати. Единиците за мерење се категоризирани по типови (како конверзија на температура, конверзија на тежина итн.) кои се прикажани на десната страна и водат до серија на метрички конверзиони калкулатори.
Ако имате предлог за нови единици кои треба да бидат додадени или предлози за подобрување на овој сајт, ве молиме контактирајте не.